Во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска ќе се одржи научно-стручната дебата „Заштита на животна средина, климатски промени, одржлив развој и високото образование во Република Северна Македонија“.
Дискусијата има за цел дебата по прашања кои се значајни за заштитата на животната средина, одржливиот развој и други значајни еколошки прашања. Преку анализа на состојбите со застапеноста на овие области во студиските програми во високото образование, ќе се анализираат состојбите и ќе се предложат решенија за подобрување на истите.
Дискутантите ќе имаат можност да дебатираат за влијанието на високото образование во образование на кадри од областа на животната средина, како и создавање на потенцијал во човечки ресурси за имплементирање на глобалните политики за овие значајни прашања.