Деари: Секојдневно има по некоја нова пријава за дискриминација

diari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Расте довербата во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за што говори и бројот на поднесени претставки, што е во постојан пораст. Од поднесени 90 претставки во 2021 и лани имавме речиси тројно повеќе – 248, а годинава речиси секојдневно има по најмалку една пријава за дискриминација по разни основи, рече Ирфан Деари, член на комисијата на денешниот отворен ден во Крива Паланка.

Општина Крива Паланка е една од општините од кадешто сеуште нема доставено пријави до КСЗД , но, како што беше кажано на настанот, граѓаните токму на ваквите настани со кои се доближува и децентралзиира работата на Комисијата, се информираат за начинот на пријавување, се информираат и со Законот за спречување и заштитита од дискриминација, донесен уште 2010 година, така што, се очекува сите што сметаат дека се дискриминирани, да се охрабрат и да пријават.


-Започнавме од нула на почетокот. Сега, во овој мандат можам да кажам дека од година на година имаме се поголем успех и во разрешување и утврдување дискриминација, во околу 70 отсто од претставките. Во над 70 отсто од случаите е постапено по нашите препораки, а во одредени случаи, решавањето настанува и со посредување од наша страна. Тоа ми дава за право да кажам дека луѓето имаат доверба во оваа институција, а и ние немаме никаков притисок во работењето, така што, граѓаните на Северна Македонија имаат една отворена врата каде можат слободно да се обратат и да бидат сослушани, додаде Деари.

Настанот се одржа со поддршка на ОБСЕ, а присуствуваа претставници од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка, училишта, граѓански здруженија, МВР, останати општински служби и граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK