Дали политиката ќе ѝ пресуди на врховната судијка Адеми?

besa ademi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Недоаѓањето на судијката Беса Адеми на седници на Судскиот совет е можната причина што член на советот покренал иницијатива за разрешување на Адеми од функцијата, претседателка на Врховниот суд. Според извори на МКД.мк на тоа кумувале двајца високи функционери на ДУИ и на СДСМ. Претседателот на Советот ни ја потврдува, ниту пак ја демантира оваа информација. Сѐ почна со изјавата на Адеми за политички притисоци во судството. МКД.мк пак објави дека врховни судии се под огромен притисок судот да донесе позитивна одлука за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а тоа значи можно враќање на Никола Груевски во Македонија.

Висок владин и партиски функционер на ДУИ и висок партиски функционер на СДСМ се двајцата политичари кои се обиделе да извршат влијание, судијката  Беса Адеми да биде разрешена од функцијата претседателка на Врховниот суд, дознава МКД.мк од судски извори.


Недоаѓањето на седници, главна причина за барањето за разрешување

Според нашите извори, на партиите од власта не им се допаднало тоа што Адеми јавно призна дека политиката „секогаш има потенцијал да користи влијанија на различни начини“ и дека „секогаш е присутна заканата дека може да се разрешуваат судиите на Врховниот суд и во овој правец да се користат дури и лажни вести“

„Всушност, гарантирам дека овој состав на судии не им е вазал на ниту една од политичките партии, туку му служи на законот и на етичките начела“, изјави во интервју за СДК.мк, Адеми на почетокот на овој месец.

Ваквите информации на МКД.мк се совпаднаа со информацијата дека член на Судскиот совет кој е избран од пратениците од владеачкото мнозинство поднел иницијатива за разрешување на Адеми.

Од Врховниот суд велат дека за иницијативата дознале од медиумите и дека, ако истата постои, претседателката Беса Адеми не добила никакво известување од Судскиот совет за нејзино евентуално разрешување.

Сепак нашите извори велат дека причина за оваа иницијатива било тоа што Адеми не доаѓала на седниците на Судскиот совет иако како член на советот по функција таа треба да присуствува на истите.

„Претседателката Адеми присуствува на седниците тогаш кога ќе оцени дека станува збор за важно правно прашање за кое треба да се дискутира. Се случува во поканите за седници дел од материјалите воопшто и да не ѝ бидат доставени“, велат од  Врховниот суд за МКД.мк.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев не потврдува, ама и не демантира дека иницијатива за разрешување на Адеми постои и дека недоаѓањето на седниците е причина за ваквата иницијатива со образожение дека ваквите постапки се тајни.

За една година Судскиот совет два пати го смени мислењето затоа што ова не е прва иницијатива за утврдување одговорност против Адеми. Минатата година во декември, Судскиот совет веќе расправаше по покрената постапка, но одлучи истата да се прекине и да се отфрли како неоснована.

„Донесена е одлука постапката по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е запрена“, информираше тогаш Судскиот совет.

Продолжете со читање на mkd.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK