Четврти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство


Четврти мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство - МИА

Скопје, 30 јуни 2020 ()Четвртиот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство за период јануари-јуни 2020,  содржи информации во однос на ефективноста и транспарентноста во работата на овој орган, а особен акцент е ставен на заштита на имотните интереси на Републиката во судските постапки, постапките за приватизација на градежно земјиште, денационализација, експропријација преку приказ на предметите кои се заведени и решени пред надлежните судови во овој шестмесечен период за сите петнаесет подрачја на Државното правобранителство.

Во извештајот е наведено дека согласно добиените информации од Основниот граѓански суд Скопје, за период од 1.12.2019 година до 25.5.2020 година, евидентирани се вкупно 802 предмети во кои, како застапник по закон се јавува ДПРСМ и тоа: Имотни, семејни и спорови од мала вредност од вкупно 62 предмети во работа се 59, Трговски спорови од вкупно 29 предмети во работа се исто толкав број, Работни спорови од вкупно 681 предмет во работа се 326 предмети и од вкупно 30 предмети за Вонпарнични спорови во работа се 27 предмети.

Во континуитет е, како што е посочено во извештајот, присутен проблемот со кој се соочува ДПРСМ во поглед на намалени човечки ресурси.

-И покрај усвоената информација од Владата за потребата за зголемување на бројот на државните правобранители, сè уште не се објавени огласи за вработување на државни правобранители, стои во извештајот.

Недоволната кадровска екипираност беше нотирана и во ревизорскиот извештај, изготвен од Државниот завод за ревизија, каде, од вкупниот број систематизирани работни места, пополнети се само 62 отсто од истите. Поради недостиг на вработени, ДПРСМ минатата година ангажирало 17 лица по основ на договор за дело за вршење работи и работни задачи систематизирани со Правилникот за систематизација на работните места во ДПРСМ.

Како пречка во функционирањето се наведува комплексната законска постапка во изготвувањето и одобрувањето на правните акти на ДП во одредени постапки во кои законските рокови за постапување се кратки, како и во одредени случаи на некоординираност на државните органи со ДП. Ова особено се однесува на случаите во кои ДП треба да побара согласност од државен орган за преземање дејствија согласно со член 16 од Законот за Државно правобранителство.

И понатаму се констатира потреба од воведување електронски систем, сличен на АКМИС-от што функционира во судовите, кој би овозможил постоење на детална статистика, прегледен и брз увид во секоја фаза во која се наоѓаат предметите, а би постоело и меѓусебно вмрежување со останатите правобранителства, како и со ДП за подрачјето на Скопје. На овој начин правобранителствата ќе имаат увид во предметите што ги застапуваат, како и во предметите кои со генерално овластување се застапувани од државните органи, се наведув меѓу другото во Четвртиот мониторинг извештај за работата на ДПРСМ.

Извештајот е подготвен во рамките на  проектот „Заедно во борба против корупција”  кој го спроведуваат СКУП,  Институтот за човекови права (ИЧП) и Медиум, како партнери, со цел подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на улогата на контролори на работата на државните органи. ИЧП и понатаму врши континуиран мониторинг врз работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија (ДПРСМ).


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*