Бушамауи: Преспанскиот договор е вреден за Нобелова награда

Договорот од Преспа е единствената добра вест од Европа годинава и ја покажува волјата на двете страни да направат отстапки со цел да се најде решение и да се стави крај на овој долгогодишен конфликт. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример за светот дека дијалогот е можен. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија, истакнува меѓу другото во интервју за МИА добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Бушамауи вчера заедно со грчкиот европратеник Стелиос Колуглу ја објави номинацијата на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година. Двајцата од Скопје заминуваат за Атина за и таму да ја претстават номинацијата.

Како вашата иницијатива е важна за Договорот од Преспа?

– За мене како добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со колегите од Туниската четворка за национален дијалог, ја добивме идејата да се справиме со проблемите преку дијалог, да избегнеме конфликт и најдеме решенија. За нас дијалогот претставуваше единствениот начин. Сметам дека тоа што е постигнато тука во Македонија и Грција е исто, претставува дијалог меѓу политичари и влади со цел да се избегнат конфликти и проблеми. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија, изјави Бушамауи.

Нели сметате дека иницијативата е прерана, со оглед дека Договорот се уште чека да биде ратификуван од парламентите на двете држави?

– Јас сум сигурна дека тоа ќе биде направено, бидејќи се сретнавме со пратениците, претседателот на Собранието на Република Македонија и многу други луѓе, кои се согласни и ја поддржуваат оваа иницијатива. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример дека дијалогот е можен.

Зошто сте сигурни дека иницијативата ќе ја добие потребната поддршка?

– Земете го Тунис како пример. Преку тунискиот дијалог успеавме да спроведеме демократија, слободни медиуми, да имаме слобода на говор и донесеме устав во Тунис. Ние успеавме во тоа и тука луѓето, исто така, долго чекаат на решение. Проблемот е присутен премногу долго време во регионот и веќе е доволно. Ја имате волјата на политичарите, ја имате поддршката на луѓето. Ова е можност за Македонија да биде членка на Европската унија и НАТО.

Според Вас, кој е клучниот дел од Преспанскиот договор што го издвојува од другите договори и го прави претендент за Нобелова награда за мир?

– Видете, имаме само тажни вести, а особено од Европа. Според тоа што го гледаме и се случува годинава, Договорот е единствената добра вест од Европа. Како второ, Договорот е многу важен бидејќи покажува волја од двете страни и секоја направи некои отстапки со цел да се најде решение и да се стави крај на овој долгогодишен конфликт.

Иницијативата е на самиот почеток и има цела година пред Вас. Кои се следните чекори?

– Очекувам двата парламента да го ратификуваат Договорот што е можно побрзо и потоа ќе следи медиумска офанзива за поддршка на оваа иницијатива. Ќе имам средба со премиерот Зоран Заев и заминувам за Атина, каде ќе се сретнам со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како ве промени добивањето на Нобеловата награда за мир?

– Така многу. Сега сум попозната и за мене претставува можност да зборувам за мојата држава, за жените во Тунис и разменувам идеи и искуства со други луѓе. Дијалогот е моја лична мисија и верувам дека е најдобриот начин.

Александар Атанасов

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*