Брзите тестови бесплатни од денеска – на оние што се тестираа вчера ќе им бидат вратени парите



 

Лицата кои вчера беа тестирани со брзите тестови за Ковид-19 ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени.

По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се користат само тестовите донирани од Министерството заздравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес.

Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за Ковид-19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.