Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица



Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином.

Повторно се апелира за почитување на мерките за заштита – носење маска, одржување дистанца и зачестена хигиена на рацете.

Тројцата пациенти кои починаа се од Битола (на 73 години), еден од Демир Хисар на 73-годишна возраст и еден од Скопје на 44 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Инситутот за јавно здравје вчера регистрира 74 нови случаи со Ковид-19: во Гостивар-22, Скопје-14, Штип-13, Куманово-осум, Виница-четири, Кавадарци, Берово и Свети Николе по три, Кичево-два, Струга и Кочани по еден. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се и 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Тетово-17, Свети Николе-17, Штип-11, Гостивар-девет, Радовиш-пет, Кавадарци-три, Куманово, Дебар, Велес, Охрид и Кочани по еден.

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656.

Во Скопје има најмногу активни случаи на Ковид-19 – 1.363, во Штип – 430, Гостивар – 282, Куманово – 269, Тетово – 220, Струга – 203, Свети Николе – 151, Дебар – 117, Кичево – 108.

Скопските општини Чаир и Аеродром се со најмогу активни случаи, следат Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Центар, Шуто Оризари. Во Чаир има 168 активни, Аеродром – 156, Кисела Вода – 148, Гази Баба – 137, Карпош – 118, Центар – 116, Шуто Оризари – 115.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и седум пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 95 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на Ковид -19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19. Крвна плазма, посочи тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

– Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша вчера Филипче на ФБ. нд/

 


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*