Битиќи: Заклучно со вчера поднесени се 34.000 апликации за финансиска помош за компаниите, 90 отсто се веќе одобрени


Битиќи: Светска банка потврди дека Владата е посветена на создавање решенија за брзо опоравување од кризата - МИА

Скопје, 6 јуни 2020 () – За мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плата за вработени, до вчера аплицирале 34.000 компании, а 90 проценти од барањата се веќе одобрени, информира денеска претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната онлајн дискусија „Нова развојна македонска економија“.

– Заклучно со вчера веќе има 34.000 апликации за оваа мерка, а околу 90 отсто се веќе одобрени, има уште еден и пол ден и апелирам оние кои се двоумат да поднесат барање и да ја искористат оваа мерка повика Битиќи.

Тој истакна дека мерката се покажала како ефикасна и навремена, нагласувајќи дека обезбедила сериозна помош во борбата за зачувување на што повеќе работни места.

– Со оваа мерка за месец април поддржани се околу 20.000 компании со околу 130.000 вработени, а поддржани беа и 5.200 самостојни вршители на дејности. Ако се направи анализа на компаниите кои ја добија оваа поддршка, ќе се види дека структурата на поддржаните компании, целосно ја следи структурата на нашата, македонска економија, порача Битиќи.

Битиќи на дебатата ја објасни и процедурата за евентуално враќање на средствата од страна на компаниите.

– На почетокот беше кажано дека средствата ќе треба да ги вратат оние компании кои ќе прикажат добивка следната година, но и тука интервениравме. Сега при аплицирање, компаниите можат да побараат нивната поддршка да биде неповратна со тоа што ќе ги исполнат условите за поддршката да стане неповратна. Тоа значи дека ако оваа година продолжат да инвестираат во човечкиот капитал, направат внатрешни инвестиции и слично, нивната помош може да стане неповратна без разлика дали оствариле добивка или не. Секако оние кои нема да го сторат тоа, а при тоа и покажат добивка секако ќе треба да вратат дел од средствата и тоа е правично“ посочи Битиќи.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]