Билјана Ванковска: Законот за јазиците ќе остане запомнет како епитаф на (правната) држава во Македонија


Законот за јазиците, доколку биде донесен како што се најавува (а работите така стојат во моментов), ќе остане запомнет како епитаф на (правната) држава во Македонија: предложен и процесиран во флагрантно неправна постапка, со материјални одредби кои се неприменливи и противуставни, и со изгласување по истекот на рокот од 30 дена од првото изгласување, по што Претседателот стави суспензивно вето. Ова треба/ше да биде аларм за сите што имаат макар елементарно правно знаење или барем правна култура. Но, не е така: си молчат или спинуваат (дека критичарите на законот се само обична сурија, прасиња, примитивци,националисти и албанофоби). Правната битка ќе продолжи, колку и да изгледа бесполезна, но политичките и општествените последици ќе бидат катастрофални. Безбедносните прогнози стануваат се’ полоши. Не знам кому ќе му донесе добро закон со кој се газат елементарните претпоставки на правната држава? Се прашувам: дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација, која сите заедно не’ чини скапо и во смисла на елементарните демократски претпоставки, и во финансиска смисла, но и во социјална и безбедносна. -Напиша таа на својот фејсбук профил




Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*