Бигорски доби на дар уметнички слики од ќелијното училиште и владиката Козма Пречистански


Бигорската свештена обител на дар доби две уметнички слики, приказ на бигорското ќелијно училиште од почетокот на XIX век и портрет на многу значјниот дебарски владика Козма Пречистански (1836 – 1916), роден во с. Орланци, Кичевско.

Уметничките слики се дар од семејството Јотови од градот Плевен, Република Бугарија, а за Бигорскиот манастир се од посебно значење.

-Знаејќи ја желбата на нашиот старец, Архимандрит Партениј, да има претстава во Манастирот за ќелијното училиште, Иван Јотов го ангажира познатиот уметник и портретист, Васил Горанов, да изработи еден таков стилизиран приказ. Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во почетокот на  XIX век,- велат од Бигорскиот манастир.

Според нив, се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.

-Токму затоа, на сликата е претставен тој, како им чита од книга на мали дечиња, облечени во традиционални мијачки детски носии. Како мотив за училница е исползувана гостоприемната одаја. Портретот, пак, на Козма Пречистански е насликан според една стара фотографија од него, од времето кога тој бил игумен на Манастирот Пречиста Кичевска, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Семејството Јотови и авторот на сликите Васил Горанов беа пречекани од отец Партениј и братството, кои им се заблагодаријата за дарот и искажаната љубов.

Вести

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово […]

Вести

Почина Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82 – годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието. Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки. Драги Арсов е и […]

Вести

Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“

Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на 17. „Пивофест 2019“.  Се поставува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се уредуваат и штандовите за пиво и скара. Фестивалот ќе трае од 18 […]