Белгиската полиција уапси лице кое се вратило од патување во Македонија и неги почитувало санитарните прописи


Белгиската полиција уапси лице кое се вратило од патување во Македонија и неги почитувало санитарните прописи - МИА

Париз, 14 август 2020 () – Белгиската полиција уапсила еден вработен во фирма од Хаалтерт, кој бил во посета на Македонија и се вратил на работа без да ги почитува санитарните прописи за Ковид -19 кои се во сила во Белгија, јави дописникот на .

-Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.

Според градоначалникот на Хаалтерт, работникот не го пополнил формуларот по неговото враќање од Македонија која е во црвената зона на Ковид-19, и не ја почитувал обврската да се стави во задолжителен карантин. Постапката на полицијата според него е брза и соодветна.

-Лицето беше тестирано  и резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Во зависност од нив, ќе бидат преземени и мерки во претпријатието, додаде градоначалникот.

Преторијатието и вработените беа информирани за настанот, а несовесниот работник, ризикува и парична казна за непочитување на мерките против Ковид-19.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*