Барањата за финансиска поддршка за плати поставени на системот Е-Даноци и ЕПДД


Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката - МИА

Скопје, 30 јуни 2020 () – Управата за јавни приходи информира дека на системот Е-Даноци може да се најде образецот БФП-ИП/1 со кој компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни. На системот Е-ПДД, пак, е поставен образецот БФС-СВД/1 со кој финансиска поддршка за исплата на плати за јуни може да побараат самостојните вршители на дејност.

– Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

Мерката за финансиска поддршка во април ја искористиле вкупно 19.696 работодавачи односно 5.707 самостојни вршители на дејност, а во мај 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*