„Банка за храна“ го одбележа Светскиот Ден против отпадот и загубите од храна




Денеска се одбележува Светскиот Ден против отпадот и загубите од храна. Во рамките на планот и програмата на ФЕБА и ФАО 1st International Day of Awareness of Food Loss and Waste (IDAFLW), организацијата „Банка за храна“ се одлучи да даде конкретен придонес кон одбележување на овој ден.

Во Глобалната кампања и акција се вклучија Владата, претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери кои ѝ дадоа поддршка на иницијативата.

Во рамките на одбележувањето на 29 септември, „Банка за храна“ ќе реализира герила акции во три градови со цел да се сврти вниманието на јавноста.

Група волонтери собрани пред депонијата „Дрисла“ во Скопје со подготвени промотивни банери, маици и лични пораки на самите волонтери ќе протестираат пред влезот на депонијата.

Содржината на пораките на промо банерите е дека е забрането фрлање на храна и дека секој поединец што ќе помисли да фрли храна ќе биде спречен во намерата, со однапред подготвени информации за количините кои се фрлаат, наспроти потребата од фамилиите и лицата во социјален ризик кои не можат да си ја дозволат.

Денеска неколку групи – волонтери на БХМК соодветно одбележени со маици и елеци, со однапред подготвена жолта трака на која беше испишана поралата „СТОП за фрлањето храна“, запечатија неколку контејнери во Скопје, Кавадарци и Битола.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*