Балкан барометар: Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом


Хелсиншки комитет: Продолжува системската дискриминација врз Ромите во сите општествени сфери - МИА

Скопје, 7 јули 2020 () – Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом. Девет отсто од претпријатијата на Западен Балкан не би вработиле Ром, 33 од 100 лица не би работеле за работодавач Ром. Дури 26 отсто од граѓаните не сакаат нивните деца да ја делат училницата со Роми, велат резултатите од истражување на Балкан барометарот 2020 на Советот за регионална соработка.



– Со ова мораме да се бориме и да го запреме со заеднички регионални напори преку остварување на целите од Декларацијата една по една. Сите ние ги заслужуваме истите можности. Сите ние сме различни, но исто така треба да бидеме еднакви, посочува Орхан Усеин, тим лидер на проектот Интеграција на Ромите 2020, кој се спроведува од Советот за регионална соработка (СРС) со финансиска поддршка од Европската унија и Фондациите Отворено општество.

Тој истакнува дека корона кризата го погодил Ромите многу повеќе од останатите луѓе,но, како што рече ги разгорил и проширил негативните наративи кон Ромите во јавноста и особено на интернет.


Вести

Русинот Радик Тагиров, осомничен за убиство на 26 жени, ги призна злосторствата

Радик Тагиров, 38-годишниот жител на рускиот град Казан, кој денеска беше осомничен за убиството на 26 постари жени во 12 региони од земјата, ги призна своите злосторства, а снимката со неговото признание ја објави руското […]

Вести

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија

Владата на денешната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, потврди за МИА владиниот портпарол Душко Арсовски. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Вести

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување на кризната состојба во државата за уште шест месеци, потврдија за МИА од владината прес-служба. Предлогот ќе биде […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*