Бајрамовска-Мустафа: Потребен е поинаков систем на социјална заштита


– Состојбите со трагичен исход како загинувањето на трите деца во пожарот во Велес треба сите да не загрижат, а особено надлежните органи вклучително и Министерството за труд и социјална политика и надлежните центри за социјална работа, оцени денеска заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

– Во нашите годишни извештаи многу често укажуваме на потребата од еден поинаков систем на социјална заштита кој ќе биде навистина достапен на оние на коишто им треба. Систем во кој социјалните и други работници ќе бидат повеќе на терен и непосредно ќе ги утврдат состојбите за да можат благовремено да им помогнат на граѓаните. Ако се точни наводите дека семејството од Велес било во ризик и корисник на социјална заштита тоа значи дека тимот којшто го следел овој предмет морал да знае што се случува во семејството. Тоа би требало да биде најнорманлната работа на еден центар за социјални грижи, за благовремено да преземе мерки да превенира каква било траума, вклучувајќи го и ова што се случи, рече Бајрамовска-Мустафа во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека многу често се случува родителите во потрага по изнаоѓање на дополнителни материјални средства да заборават на она што се нарекува постојана родителска грижа и додаде дека социјалната парична помош што ја обезбедува државата е под секаков минимум за да може едно семејство да опстои.

– Тоа не ги амнестира родителите, но од друга страна уште поголема е обрската на надлежните органи преку навремени и континуирани советувања и следење на родителите и на семејствата и со преземање мерки да превенира такви состојби. Очекувам Министеството за труд и социјална политика сериозно да го испита постапувањето и да преземе соодветни мерки за евентуални пропусти, нагласи Бајрамовска- Мустафа.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*