Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема на Општата клиничка болница во Тетово


Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема на Општата клиничка болница во Тетово - МИА

Скопје, 8 јуни 2020 () – Автомат клубовите „Астра“ донираа болнички кревети во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Општа клиничка болница во Тетово.

Како што соопштија од Автомат клубовите „Астра“, групација „Новоматик“, станува збор за електронски болнички кревети кои се донирани на болницата, со цел полесно надминување на предизвиците од пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Водени од заложбата дека секој заслужува достоинствен здравствен третман, а од друга страна и потребата од хоспитализирање на поголем број на болни лица од вообичаено, компаниите дел од Групацијата „Новоматик“ во земјава ја продолжија акцијата за донирање медицинска опрема во здравствените институции кои се задолжени за лекување на болните од Ковид-19 и се веќе на средината на нејзината реализација, се вели во соопштението.

Солидарноста, велат, е она што ќе помогне да се надминат овие тешки денови, па затоа „Астра“ како општествено одговорна компанија реши да подаде рака кон заедницата и на овој начин да им се заблагодари и на здравствените работници кои несебично се вложија во оваа борба за надминување на пандемијата.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]