Пожарот во скопски Илинден им се заканува на првите куќи. Ноќе не летаат хеликоптерите и авионите, па сега ќе се гаси само од земја. Приоритет ќе бидат првите имоти во село Ајватовци.
„Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина, најмалку 30 хектари. Поголемиот дел зимзелена шума. Постои опасност поради ветерот, огнот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на противпожарната бригата на Град Скопје ќе се фокусираат на сопирање на огнот во насока на селото. Изгорен е т.н. Ајватовски рид. Рано наутро, веднаш по зазорувањето, двата полициски хеликоптери ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на ДЗС. На лице место сме и ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.