Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, со пригоден говор ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од највисокиот државен и воен врв на земјава, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, претставници на дипломатскиот кор, институции со кои соработува Армијата и други.

На одбележувањето на роденденот на Армијата ќе присуствува и командантот на Националната гарда на Вермонт полковник Грегори Најт кој е во повеќедневна посета на земјата и по повод одбележување на уште еден јубилеј –  25 години од билатералната соработка.

-Ние сме тука и секогаш даваме поддршка за вашето членство во НАТО и истовреме очекуваме да станете 30-та членка на Алијансата, порача полковник Најт кој најави дека во следниот период планираат да го зголемат нивото на соработка.

На заедничката прес-конференција по средбата во Министерството за одбарна, министерката Шекеринска истакна дека 25-годишното партнерство со НГ на Вермонт е вградено во достигнувањата на нашата Армија, на нашиот одбранбен систем и се одбележува токму во време кога практично ги броиме последните денови до нашето полноправни членство во НАТО.

Меѓу гостите на централната прослава на Денот на Армијата ќе биде и висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, која исто така престојува во повеќедневна официјална посета на земјава.

Спроти Денот на Армијата, вчера во касарната „Илинден“ во Скопје се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.).

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев” кој се борел против фашистичките окупатори Германија, Бугарија и нивните соработници Балистите, а со цел конечно ослободување и обединување на Македонија. Процесот за формирање на современата армија на земјава започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша Договорот за дислокација на федералната армија од територијата на државата.

Вести

Утре нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не […]

Вести

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај […]

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]