Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски


Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски - МИА

Скопје, 9 јули 2020 () – Во Свештената Бигорска обител в сабота од 18 часот ќе се изврши наречението за епископ на  архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, а следниот ден (недела) на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид од 8.30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ Антаниски.

-Ве покануваме и вас, возљубени, да бидете дел од големото торжество, за сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос, да му испрати благодатни сили на нашиот духовен татко, та да може достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба, соопшти Бигорскиот манастир.

Оттаму ги замолуваат сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат на сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание.

За таа цел, наведуваат, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на социјалната дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот.

Во соопштението се истакнува дека со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број на присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видео-екрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата.

За во Охрид се предвидени три видео-екрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето на поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот.

Известуваат и дека по повод овој многу значаен настан, на 12 јули, недела, Бигорскиот манастир ќе биде затворен за посетители до 15 часот.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*