Археолошки истражувања во некрополите Мали дол во неготински Тремник

– Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија прави археолошки истражувања во некрополите Мали дол во неготинското село Тремник –  локалитет кој до 2008 година беше непознат за археолошката јавност.

– Првичните податоци за оваа некропола ги добивме од сопственикот на нивата Пео Колев, кој при изградба на штала наишол на камени конструкции и две бронзени игли кој ги пријави во Музеј на град Неготино. Таа година вработени од музејот вршеа краткотрајни заштитни ископувања и откриени беа четири погребувања – цисти, кои беа видливи на површината на теренот. Беа пронајдени две бронзени игли и накит – дел од ѓердан, комбиниран со килибарни перли, кои датираат од крајот на бронзеното време (XII век п.н.е.), информира Драгица Чекорова, директор во музејот.

Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес, како резултат на соработката помеѓу Археолошки музеј на Македонија и Музејот од Неготино.

– Во рамки на овие археолошки ископувања имаме откриено вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи). Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – V век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.), појаснува Чекорова.

Сите погребувања од некрополата, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот.

– Генерално кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една заедница од крајот на бронзеното време, која со сите специфики припаѓа на Уланечката културна група, додава директорката.

Севкупните пронајдоци се дел од археолошка изложба „Некрополите на Мали Дол“, село Тремник, Неготино, финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, според програмата за проекти од национално значење, која ќе биде отворена во септември во Општинската установа Музеј на град Неготино.

Во истражувањата учествува стручна екипа. Тука се д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки музеј на Македонија и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник и Александра Чевревска, археолог-кустос во истиот музеј, како и Костадинка Филипова, археолог-кустос во Музеј на град Неготино.

Loading…

Вести

Во Скопје 12 сообраќајки, повредени шест лица

– На територија на Скопје во изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни несреќи во кои едно лице е потешко повредено, а петмина се здобиле со лесни телесни повреди. Во девет сообраќајки регистрирана е само материјална […]

АМСМ Соопштенија

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути

– На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути. Од АМСМ информираат дека возилата на ГП Богородица се […]

Балкан

САД: Собранието на Република Српска сака да ја ревидира историјата

– Со отфрлањето на Извештајот на Комисијата за Сребреница, Народното собрание на Република Српска се обидува да ја ревидира историјата, што претставува чекор во погрешен правец, оцени американскиот Стејт департмент. – Меѓународните судови заклучија дека […]

Вести

САД: Слаткарот кој одбива да прави торти за сексуалните малцинства, повторно ја тужи државата

– Слаткар од Колорадо, кој доби казна откако, поради религиозни убедувања одбил да направи славеничка торта по повод промена на полот на нарачателот, сега ја тужи државата, откако Врховниот суд на САД делумно му ја уважи жалбата по […]

Балкан

Тачи ги осуди заканите врз специјалниот обвинител, кој поднесе оставка

– Косовскиот претседател Хашим Тачи ги осуди заканите врз обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Елез Бљакај, кои, според медиумите, беа причина за неговата оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. – Владеењето […]

Бизнис

САД воведоа санкции на руски и кинески претпријатија поради Северна Кореја

– САД наложија санкции на три претпријатија и едно физичко лице, обвинети за поддршка на трговските односи со Северна Кореја, и покрај ембаргото наложено на Пјонгјанг, соопшти американското Министерство за финансии. Кинеското претпријатие „Далијан сан […]

Вести

САД: Слаткарот кој одбива да прави торти за сексуалните малцинства, повторно ја тужи државата

– Слаткар од Колорадо, кој доби казна откако, поради религиозни убедувања одбил да направи славеничка торта по повод промена на полот на нарачателот, сега ја тужи државата, откако Врховниот суд на САД делумно му ја уважи жалбата по […]

Балкан

Муја од Белградската зоолошка градина е најстар алигатор во светот

– Американскиот алигатор Муја, кој пристигнал во Зоолошката градина во Белград пред почетокот на Втората светска војна, се смета за најстариот алигатор во светот, кој живее во „заробеништво“. Муја има над 80 години, но се […]

Вести

Бакингемската палата бара мијач на садови за годишна плата од 22.000 евра

– Бакингемската палата објави оглас за мијач на садови на сајтот „Ројал хаусхолд“. Новиот член на персоналот во кујната годишно ќе заработува 22.000 евра, а ќе му биде обезбедена храна во палатата и 33 дена […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*