Анкета на ИПИС: 39,7 проценти од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар, 13,5 во Мицкоски, 6,6 во Ахмети и 5 во Ковачевски

ipis anketa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најголем дел од граѓаните или околу 40 проценти не веруваат во ниту еден политичар, покажува телефонската анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, најголем дел од испитаниците 39,7 отсто одговориле „ниеден“, 13,5% Христијан Мицкоски, 6,6% Али Ахмети, 5% Димитар Ковачевски, 3,7% Максим Димитриевски, 3% Димитар Апасиев, 2,8% Стево Пендаровски, 2,3% Никола Груевски, 2,2% Билал Касами, 1,8% Арбен Таравари, 1,5% Зоран Заев, 1,3% Африм Гаши, 1,1% Зијадин Села.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, при што опфатени биле 1.112 полнолетни испитаници по случаен избор. Податиците, како што информираат од ИПИС, се со статистичка грешка од +/- 3 проценти.


На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори“, најмногу испитаници 20 проценти одговоирле ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 % СДСМ, 6,5 % ДУИ, 3,3 % Левица, 3 % Граѓанско движење на Максим Димитриевски, 2,6% Алијанса за Албанците, 2,3 % БЕСА, 1,4 % Алтернатива и 0,4% друга партија. Дури 18,3 проценти од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија, 14,7% рекле не знам/нема одговор и 14,6% не сакале да кажат.

Анкетата, како што информираат, е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK