Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020. 16,2 отсто


Поедноставна постапка за донирање – побрзо, полесно, електронски - МИА

Скопје, 6 јуни 2020 () – Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.

Просечната стапка на невработеност во 2019 изнесувала 17.3 отсто, додека во последниот квартал од 2019 изнесувала 16.6 проценти, наведе министерката.

Таа нагласува дека годината почнала со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите….

-Сепак се наоѓаме во нова реалност – Ковид-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме, напиша Ангеловска.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]