Ангеловска на средба со текстилна и чевларска индустрија – дигитална платформа за освојување нови пазари


Скопје, 22 мај 2020 () – Преку креирање дигитална платформа се планира да се зголеми конкурентноста и да се отвори можноста за пласирање финални производи од текстилните компании и чевларската индустрија во земјава до странски пазари.

Денеска министерката за финансии Нина Ангеловска оствари првична работна средба за иницијативата „Модернизација и нови пазари“ од третиот сет мерки,  со претставници од текстилната, чевларската индустрија, МАСИТ, УСАИД, БЕП (Business Ecosystem Project), Асоцијација за е-трговија и Старт ап Македонија  за реализација на оваа идеја. Со ова, како што соопштуваат од Министерството за финансии, ќе им се помогне на компаниите од овие сектори да креираат дополнителна вредност и да освојуваат нови пазари и купувачи. На средбата присуствуваше и заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Како што беше истакнато на состанокот, кој се одржа во Министерството за финансии, скоро 80 отсто од текстилното производство во земјава е лон производство. Чевларските работилници пак, како што посочија претставниците, најголем број се мали компании. Преку мултисекторски пристап може да се отклучи потенцијалот, претприемнчикото размислување, користење нови технологии и пласман на квалитетни домашни текстилни производи и чевли.

Од претставниците на компаниите,како што стои во соопштението, е поздравена идејата за формирање дигитална платформа (marketplace). Се планира истата да се формира како независна, во која ќе можат да пристапат сите заинтересирани компании од текстилната и чевларската индустрија. Министерство за финансии, наведуваат, заедно со Царинска управа ќе работат да ги олеснат сите административни пречки и да го олеснат патот за сите компании.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]