Анди Аранитаси нов претставник на ЕБОР во земјава


ЕБОР го назначи Анди Аранитаси за нов претставник во Северна Македонија. Тој доаѓа на местото на Анка Јоана Јонеску која ќе замине од Скопје на 1 септември годинава.

Како што соопштуваат од ЕБОР, Аранитаси работи во Банката во Лондон од 1998 година, а од 2000 до 2005 година е банкар во канцеларијата во Бугарија. Седум години работи во Истанбул, на енергетски проекти во Европа и Азија, и последниве две и пол години е во Бугарија во истиот оддел. Неговото работно искуство е во тимовите на Централна Европа и Западен Балкан, во секторите на телекомуникации, енергија и енергетика.

По завршувањето на средното образование во неговата родна земја Албанија,  Аранитаси ја добива школарината на Фондацијата Отворено општество за Американскиот универзитете во Бугарија, каде дипломира во 1996 година.

-Сакам да ја продолжам тековната работа со локалниот тим во проекти за поврзување на земјата, како и во оние од секторот инфраструктура и енергија, истовремено ангажирајќи се за зголемување на активностите на Банката во приватниот сектор, истакнува Аранитаси.

ЕБОР во земјава има инвестирано повеќе од 1.87 милијарди евра во 117 проекти, фокусирајќи се на поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции на Банката и други придружни активности.

Анка Јоана Јонеску ја претставуваше ЕБОР во Северна Македонија повеќе од пет години.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]