АМСМ известување за состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) на регионалниот пат Р – 2336, с.Теово – с. Богомила, од 10.04.2018 во наредните 30 дена, сообраќајот ќе биде во прекин секој ден во период од 10:00 до 14:00 часот.

Поради градежни работи на регионалниот пат Р – 1101 на патен правец с. Крклино – Битола од 10.04.2018г. во наредните 30 дена сообраќајот ке се одвива по една коловозна лента. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

По изминување на зимската сезона за одржување продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница.

ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП ИЛИНДЕН – Струга известува дека од 30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р – 1301 од Билјанини извори – населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. На местата на градежните работи ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започнува измената на режимот на сообраќај. која ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија – Неготино , на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес – Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје – Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото ‘’Бетон АД Скопје’’ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности – реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар-Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај.

ВНИМАТЕЛНО: Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Т-мин. од 3 до 9 а т-макс. од. 22 до 30 степени. УВ=7. Во Скопје, сончево и топло со слаб северен ветер. Т-ра 7 / 28 степени.

Балкан

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот […]

Балкан

Државна прослава по повод формирањето на Војска на Косово

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК […]

Балкан

Ново обвинение против градоначалникот на Загреб

Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата […]

Балкан

Српската листа ќе се жали на Уставен суд за Војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните Безбедносни сили (ФСК) да се трансформираат во Војска на Косово, изврши атак врз мирот во Косово и […]

Балкан

Харадинај: И Србија доби партнер во Војската на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите со кои се формира Војската на Косово, изјави дека новата косовска воена формација ќе биде војска на мирот и во служба на сите кои живеат во Косово, […]

Балкан

Србија бара итна седница на СБ на ОН поради формирањето Војска на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска најави оти Белград ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради формирањето на Војска на Косово. – Тоа е најдиректна закана по […]

Интересно

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава. – Законот е грешка, […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*