Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата



Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата - МИА

16 мај 2020 

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот. Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија. Намалувањето на приходите од буџетот во нај оптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20%, додека истите се планирани со намалување од само 11,5%! Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот.

Можеби се планира и некое зголемување на данокот како тој со акцизата. Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра). Образложението дека е помало зголемување на јавната потрошувачка отколку во земји како Германија, Финска не бара коментар.

Иако беше најавено зголемување и динамизирање на капиталните инвестиции неопходни за економското закрепнување, тие сепак беа жртвувани, со пад за 4,2 милијарди денари, додека последователните расходи се зголемени за 9,6 милијарди денари!

Намалувањето на платите и надоместоците за само 0,4% го изразува досегашниот тренд на предизборно вработување и не намалувањето на трошоците за работа (веќе прекинато заради неактивност) на партиските службеници, вработените со договори на дело пред изборите и за стимулирање на партиски активизам!

Не секој поттик за приватна и јавна потрошувачка има економска продуктивност. Категоријата каде има простор за поголеми намалувања се добрата и услугите. Изненадувачки, истите беа намалени за само 1,5% од првичното планирање. Не беа направени заштеди од непродуктивните трошења за да се задржи буџетскиот дефицит барем за 1% помал. Ова секако носи дополнителен товар на фискалниот простор што ќе биде многу потребен во иднина!

За жал, и овој пат имаме прераспределување на средства на политички и воопшто не економски критериуми.

Алијанса за Албанците

Елми Азири, претседател на Финансиски оддел на партијата 

___________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]