Албанската коалиција ВЛЕН: Во идната Влада ние сме гаранцијата за уставните измени

gashi-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денеска сум тука да Ве уверам дека сè се одвива според планот на нашите штабови и дека победата веќе се гледа на хоризонт. Ние точно знаеме што правиме и што треба да направиме до 8 мај. Така, како што докажавме на 24 април, дека Албанците се ЗА коалицијата ВЛЕН, тоа на 8 мај ќе се претвори во референдум, кој на коалицијата ВЛЕН ќе ù донесе албанска плебисцитарна победа“, рече Африм Гаши од албанската коалиција ВЛЕН.


„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и, се разбира, победници на овој блок, ние сме и единствени и легитимни претставници на Албанците на овие избори. Следствено, ова нè обврзува да ги претставуваме Албанците и во идната Влада, каде што, меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за да се бориме силно и директно против повеќеслојниот и долгогодишниот криминал и корупција.

Додека сме овде, морам да Ве повикам да бидете спокојни дека е само пропаганда тоа дека некој ќе ги блокира уставните измени и евроинтеграцискиот пат. Албанската коалиција ВЛЕН е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат и за ова ќе имаме посебна рамка за мерките и роковите за спроведување на оваа обврска. Секако, нашето инсистирање е тие да се усвојат што е можно побрзо и преговорите за пристапување во ЕУ да започнат што поскоро.

Освен ова, ние сме доследни на нашиот став дека треба да се отвори широка дебата со цел при усвојување на идните уставни измени, да се донесе и одредба според која претседателот на државата ќе се избира во републичкото собрание, со што е можно поширок политички консензус, но и со поголема етничка кохезија преку двојното мнозинство.

Мојот последен апел е да работите со голема трудољубивост, посветеност и грижа, со цел победата на 8 мај да биде што повеличествена. Убедени дека сето тоа вреди да се направи“, изјави Африм Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK