Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје



Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица.

Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) и Тетово (367). Од скопските општини само во Аеродром има 649 активно заразени лица, во Центар регистрирани се 510 и Карпош 516.

Хоспитализирани во болниците низ државата се  575 пациенти.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 3 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, а на починати е 883.

Досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19, а министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека лабориите за тестирање работат во три смени, за да се постигне со обработката на тестови.

 


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*