Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. Задолжително е носење маска и држење на растојание од два метра.

Надлежните апелираат и порај попуштањето на мерките, да нема опуштање и да се почитуваат препораките за заштита за да не се доведеме повторно во ситуација да мора да се воведуваат рестрикции.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 38 заразени лица, а во моментов се активни 470 случаи на заболени од Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сме исправени пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на препораките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки.

– Почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите. Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот,  посочува Филипче.

Анализите на епидемиолозите потврдиле оти состојбата е стабилна, а досегашната стратегија дала резултат.

– Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Тоа беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме, порача министерот.

Во моментов најмногу активни случаи на заболени лица има во Скопје – 232 лица, во Куманово се активни 36,  во Штип-19, Прилеп-43, Тетово – 71, Струга – 9, Велес – 31, Битола – 7, Охрид – 8, Гостивар – 4 и Струмица –  1, Неготино – 5, Виница – 1, Кратово1 и Свети Николе1 активен случај.

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје, што беа регистрирани вчера, се од Сарај (7), Бутел (4), Чаир (3), Аеродром (3), Студеничани (2), Шуто Оризари (2), Гази Баба (1), Кисела Вода (1) и Карпош (1).

Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на Ковид -19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 2.077 заболени од коронавирус, починаа 121, а оздравени се 1.486 лица.

Од Министерството за здравство тврдат дека стапката на смртност од Ковид-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек.

– Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со Ковид-19 во РС Македонија изнесува 5,8 отсто, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7,3 проценти, Босна и Херцеговина со 6,2 отсто, Грција со 6.0 проценти, посочуваат од Министерството за здравство.

Процентот на смртност кај нас е под светскиот просек кој изнесува 6,17 отсто и далеку под европскиот просек кој е 8,75 проценти.

– Ако се земат предвид процентите на високо-развиените европски земји како што се Белгија со 16.26 отсто, Франција со 15.63 отсто, Италија со 14.31 проценти, Велика Британија со 14.02 отсто и Шведска со 12.03 проценти, Република Северна Македонија има два до три пати помала стапка на смртност, потенцираат од МЗ. мд

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]