Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок



Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град. Здравствените власти  порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе заштита.

Од направените 762 тестирања, 109 нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 422 заболени, а едно лице почина. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на Ковид -19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани  11942 случаи на заразени лица, излекувани се 8087 лица, а починаа 528. Додека, бројот на активни случаи изнесува 3327.

Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.

Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.

Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.

– Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели, затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!, изјави министерот за здравство  Венко Филипче.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

 


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*