АХВ ќе контролира дали на пазарот има храна со јонизирачко зрачење

– Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од следниот месец ќе контролира дали на пазарите во државава има храна третирана со јонизирачко зрачење. Со опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена ќе се тестира увозна храна со оглед дека во домашното стопанство се уште не е регистрирано такво производство.

Инспекторите на АХВ ќе земаат мостри од храната, за што поминуваат специјализирана обука, а испитувањата ќе се вршат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Јонизирачкото зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и, како што вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски, воопшто не е штетна. Регулативата пропишува дека мора да биде обележана со зборовите  – озрачена или – третирана со јонизирачко зрачење.

– Не станува збор за третман на безбедноста на храната, туку за правото на потрошувачите да знаат каква храна конзумираат. Во тој дел Македонија и АХВ целосно се хармонизиизраа со европското законодавство, каде што исто така е предвидено храната произведена со оваа иновативна технологија да биде означена и потрошувачите да знаат што конзумираат, изјави денеска  Атанасовски.

Со оглед дека веќе има земји кои ја третираат храната со оваа технологија од АХВ претпоставуават дека при увозот во државава влегува таква храна.

– Сакаме да видиме дали  ја означуваат бидејќи се обврзани и дали ако е означена навистина ја третирале таквата храна. Се работи за подобрување на квалитетот на храната, безбедноста и продолжување на рокот и дали навистина се уништени микроорганизмите на површината на производот, посочи Атанасовски.

Согласно Правилникот на АХВ за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење дозволено е да се врши третман на суви билки, зачини, суво овошје и зеленчуци, затоа што тој е усогласен со европската легислатива.

Доколку некоја компанија сака да примени таква технологија во државава треба да добие дозвола од АХВ и од Дирекцијата за радијациска сигурност.

Како што објасни проф. Христина Спасевска од Факултетот за електротехника, која е координатор на проектот, процесот на третирање со јонизирачко зрачење е сличен на стерилизацијата на храната која ја вршиме во домашни услови, со топлинско зрачење. Разликата е што јонизирачкото зрачење е ладна стерилизација, не се користи топлина со кои се уништуваат одредени хранливи материи. Со јонизирачкото зрачење на добрите производи им се дава уште поголема вредност да бидат поквалитетни, а не лошите производи да ги направиме добри, изјави  Спасевска.

Со поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија, на ФЕИТ се одржуваат обука и работилница со странски експерти за значењето на третирањето на храната со јонизирачко зрачење и колку таа е безбедна за консумирање.

Според најавите, АХВ, во партнерство со Факултетот за елетротехника и инфомациски технологии во Скопје и Биотехничкиот факултет од Битола, ќе спроведат нов двегодишен проект „Зголемување на капацитетите во Република Македонија за користење на нуклеарни техники за безбедност и детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење” кој комплетно е финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Со овој проект ќе се обезбеди и опрема за детектирање храна од месо и млечни производи.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*