АХВ: Грубо пласирана и непроверена лажна вест е изјавата на Трипуновски



АХВ: Високите температури опасност од труење со храна и за здравјето на животните - МИА

Скопје, 3 јули 2020

Грубо пласирана и непроверена лажна вест за стотици затруени во скопска сендвичарница, е денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со која, по кој знае кој пат, неаргументирано ја напаѓа за негрижа за јавното здравје работата на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со стари, излитени фрази за неконтролирање на безбедноста, увозот и трговијата со храна, предизборно и овој пат Трипуновски без факти се втурна во политиканство, грубо манипулирајќи со во овој момент најсветото за граѓаните – здравјето.

Агенцијата за храна и ветеринарство е професионална и одговорна институција кон граѓаните, а тоа го потврдуваат бројките. Токму според нив а, не според Трипуновски, минатата година, ниту едно лице не завршило на болничко лекување како резултат на труење со храна. За тоа како Агенцијата работи сега, а како работела во минатите години кога е труењето со храна во прашање и кога со институцијата раководеа лица од неговата партија, доволен е податокот дека во 2017 година, само до 1 јули од затруените 246 лица дури 21 лице завршиле на болничко лекување. Последен евидентиран случај на хоспитализирано лице како последица на труење со храна, во земјава е евидентирано на 6 ноември 2018 година.

Мешањето баби и жаби за надлежноста на државните институции не е непознато за Цветан Трипуновски. И овој пат тој требаше да знае дека Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за евидентирање, пребројување и лекување на затруени лица со храна, туку исклучиво надлежна да врши контроли кај операторите со храна тогаш кога е добиено известување за труење од страна на здравствените власти.

Агенција за храна и ветеринарство

__________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*