Агенцијата за меидуми ги повика медиумите професионално да известуваат за исчезнатата Вања

Се-трага-по-девојче-кое-исчезнало-на-пат-кон-училиште.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повика медиумите и медиумските работници, при известувањето за случајот поврзан со исчезнатото малолетно девојче од Скопје, да се придржуваат до највисоките професионални стандарди и етички вредности.


„При објавување на содржините задолжително да се користат точни и проверени информации и да се користат кредибилни извори со цел да не се подгрева ситуацијата дополнително и да не се предизвикува страв и паника кај јавноста. Новинарите треба да бидат особено внимателни при преземање објави од социјални мрежи како и од други извори чија веродостојност не може да се утврди“, велат од Агенцијата.

Како што се додава, професионалната одговорност на медиумите подразбира и почитување на личната болка на семејството, поради што личните и семејните детали треба да се изнесуваат особено внимателно, со почитување на приватноста и достоинството и без сензационализам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK