Агенција за филм: Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти?


Агенција за филм: Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти? - МИА

9 јули 2020

Дали клопчето се одмотува, сликата се заокружува, а расплетот се наѕира и може да се види како Милчо Манчевски кој со години наназад, шурувајќи со сите власти, извлекува милионски суми за своите проекти, некогаш и вон редовен конкурс и се гледа неговата алчност и деструктивна енергија?

Неговите колеги станаа против ваквите негови хајки, да врши притисок во вакви кревки кризни и предизборни времиња против Агенцијата за филм која подаде рака на филмските работници да си ги добијат навремено парите од завршените филмови на минатите конкурси.

Дали исплашен, големиот Манчевски ја употреби сета своја лоби моќ мислејќи дека можеби за него нема до остане од македноската каса, во која треба да има за сите, а не само за неговите мегаломански идеи и почна да притиска по ходници во министерстото за култура, пријавил во антикорпуциска, и по блиски нему медиуми (читај sdk.mk, каде за проверка на факти е задолжена неговиот биограф Марина Костова), Еуроимаж (читај Тања Пепељуговска која го поддржала филмот), а нејзниниот сопруг, адвокатот на Милчо Манчевски, толкува за јавноста Договори меѓу Агенцијата и продуцентите, како и Слаѓана Тасева која откако прочита во вкупно два медиума потрча да поднесе кривична пријава. Инаку агилната Тасева досега нема ниту еден решен случај?

Ако НВО “Транспаренси интернешнл” или “Антикорупциска” сакаат докази наместо да подлегнуваат на ова провидно сценарио, можеби треба да ја побараат во поврзаноста на споменатите. Дали се информирани дека адвокатот на Манчевски заедно со неговата сопруга, претставничката на Еуроимаж за Република Северна Македонија, Тања Пепељуговкса, инаку многугодишен дистрибитер на филмовите на Манчевски, заедно со новинарката која е автор на биографија и слични книги за Манчевски, Марина Костова се здружени во идејата да ги рушат сите успеси на младите автори и да ја компромитираат работата на Агенцијата за филм и нејзиниот директор Горјан Тозија? Дали овие институции не го препознаваат заедничкиот мотив, инициран од Манчевски? Дали разбираат дека тоа што во минатото се практикувало филмови да се добиваат со тропање по кабинети, со изнудување високи буџети е сега минато?

Можеби е потребно овие институции да се позанимаваат со висината на хонорарите на Манчевски? Нејасно е, како оваа јасна слика на лично мотивирана хајка станува предмет на интерес на сериозни институции? Зар не знаеше Милчо Манчевски дека еден автор кој еднаш блеснал, има огромна обврска да си ја чува аурата и образот, не да се валка. Сепак, последните дела и моралот на авторот се паметат подолго.

Агенција за филм на Република Северна Македонија

______________________________________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*