Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај


Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај - МИА

Скопје, 25 јуни 2020 () – Од среда, 1 јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Одлуката на Владата е донесена и аеродромите ќе бидат отворени на 1 јули, тоа е среда. Согласно протоколите  коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно  како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија, изјави Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Тој најави дека планира деновиве заедно со министерот за здравство да посетат аеродром, каде, како што кажа, целосно ќе биде објаснето од страна на ТАВ и од Комисијата за заразни болести  како ќе се работи и затоа ќе биде запознаена јавноста.

Аеродромите во земјава беа затворени на 16 на март годинава, веднаш по појавувањето на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19. Оттогаш работеа само за државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.

Вчера ТАВ ги објави протоколите по кои ќе работат аеродромите во услови на КОВИД-19.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*