Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет


Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет - МИА

Скопје, 1 јуни 2020 () – Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто од општеството, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни.



На својот фејсбук-профил Адеми истакнува дека овој ден не треба да се одбележи само како празничен, туку, како што вели, „да ни служи како ден на сензибилизирање да кажеме НЕ за секакво насилство и злоупотреба кон децата“.

-Секако, нашата поддршка за децата нема да изостане никогаш и инвестирањето во нив ќе биде наш главен приоритет, бидејќи инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на земјата, напиша Адеми на Фејсбук.