28, 42 ИЛИ ПОВЕЌЕ ДЕНОВИ? КОЈА Е ВИСТИНАТА?


Со оглед на огромните манипулации со прогласувањето и неукинувањето на епидемијата, се чувствуваме должни да ја информираме јавноста дека според нашиот Правилник за пријава на заразни болести, член 7: „Одјавувањето на епидемијата се врши со пополнување на Образецот од став 1 на овој член во дупликат, откако ќе помине двојниот инкубационен период за болеста што ја предизвикала епидемијата, сметајќи од последниот пријавен случа“. (http://www.slvesnik.com.mk/Issues/1AA23930EAB59441B8760719AD55FBD7.pdf).

Инкубациониот период пак, е наведен во У П А Т С Т В О ЗА ПРАКТИКУВАЊЕ НА МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ ПРИ МОРБИЛИ, РУБЕОЛА И ПАРОТИТ (МРП) (http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2013/01/6529-morbili_rubeola_parotit.pdf) каде во делот Трансмисија се наведува:

МОРБИЛИ

ТРАНСМИСИЈА

  • Инкубацијата трае 9 до 11 дена до појавата на катаралните симптоми, односно 14 дена до избивањето на исипот.
  • Периодот на заразноста започнува непосредно пред појавата на катаралните симптоми и завршува 5 до 7 дена по појавата на исипот.

И покрај тоа што во нашиот Правилник јасно се наведени околностите под кои треба да се укине епидемијата , епидемиологот д-р Владимир Микиќ изјави дека е потребно да поминат 42 дена без нови случаи на заболени од мали сипаници. Немаме сознанија во кој документ е утврдена оваа бројка.

https://www.libertas.mk/morbili-nema-19-dena-no-treba-da-pominat-vkupno-42-za-da-se-proglasi-kra%D1%98-na-epidemi%D1%98ata/

Согласно еден телефонски разговор со ИЈЗ кога немаше објавено информација дали има или нема нови случаи на заболени од мали сипаници за таа седмица, тие одговорија дека не се должни да објавуваат информација за заболени со мали сипаници доколку нема. Бидејќи за последната седмица во период од 19.10.-26.10.2019 година немаше објавено информација за нови заболувања од мали сипаници, тоа би занчело дека во последната седмица, од 19.10.2019-26.10.2019 година, исто така нема заболени од мали сипаници, што укажува на фактот дека до 1 Октомври 2019 година поминале повеќе од 42 дена, односно точно 47 дена!

Но, вчера, на 1 ноември, на веб страницата на Институтот за јавно здравје осамна ваква вест:

Во периодот од 19.10-01.11.2019 година, регистриран е еден нов случај на мали сипаници.

Се работи за невакцинирано дете од возрасната група од 1-4г, од Скопје.

Случајот е лабораториски потврден. Не е најдена епидемиолошка врска со друго заболено лице.

https://www.iph.mk/%d0%b8-%d0%bd-%d1%84-%d0%be-%d1%80-%d0%bc-%d0%b0-%d1%86-%d0%b8-%d1%98-%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81-17/

Евидентно е од објавената вест дека не е нагласено КОГА точно се појавил тој случај и особено што се вели дека не е најдена епидемиолошка врска со друго заболено лице. До 26.10.2019 година поминати се точно 42 дена, иако требаше да поминат само 28!

БАРАМЕ епидемијата да биде укината ВЕДНАШ и дечињата да се вратат таму каде што им е местото, во градинките и во училишните клупи!

Во продолжение следат сите информации од ИЈЗ во периодот од 14.9. – 18.10.2019 година  во опаѓачки редослед од каде што може да се забележи дека нема пријавени нови случаи:

  1. Во периодот од 11-18.10.2019 не се пријавени нови случаи на мали сипаници.

Сомнителниот импортиран случај пријавен минатата недела согласно негативниот лабораториски резултат е отфрлен.

https://www.iph.mk/%d0%b8-%d0%bd-%d1%84-%d0%be-%d1%80-%d0%bc-%d0%b0-%d1%86-%d0%b8-%d1%98-%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81-16/

  1. Во периодот од 05-10.10.2019 пријавен е еден нов случај сомнителен за мали сипаници. Случајот е импортиран, за време на инкубација престојувал во странство и припаѓа на возрасната група од 20-29г. Лабораториските испитувања се во тек.

https://www.iph.mk/%d0%b8-%d0%bd-%d1%84-%d0%be-%d1%80-%d0%bc-%d0%b0-%d1%86-%d0%b8-%d1%98-%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81-15/

  1. Во периодот од 28.09-04.10.2019 не се регистрирани нови случаи на мали сипаници.

https://www.iph.mk/%d0%b8-%d0%bd-%d1%84-%d0%be-%d1%80-%d0%bc-%d0%b0-%d1%86-%d0%b8-%d1%98-%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81-14/

  1. Во периодот од 21-27.09.2019 не се регистрирани нови случаи на мали сипаници.

https://www.iph.mk/informacija-za-sostojbata-so-sipanici-zaklucno-so-27-09-2019/

  1. Во периодот од 14-20.09.2019 не се пријавени нови случаи на мали сипаници.

https://www.iph.mk/%d0%b8-%d0%bd-%d1%84-%d0%be-%d1%80-%d0%bc-%d0%b0-%d1%86-%d0%b8-%d1%98-%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81-13/

Здружение ОД НАС ЗА НАС Скопје

Вести

На протестите во Боливија досега има 23 убиени луѓе

Четири луѓе беа убиени вчера во протестите во Боливија со што бројот на жртви од почетокот на кризата во крајот на октомври се најмалку 23, соопшти Интерамериканската комисија за права на човекот. „Од петокот досега […]

Бизнис

Стопанственици бараат увоз на работници од странство

Дали Министерството за труд и социјална политика размислува за увоз на работна сила од трети земји, бидејќи нашата заминува и дали државата е фокусирана на ослободување на законската регулатива за ангажирање на работници од странство, […]

Вести

Кофинансираните специјализанти за утре најавија протест, за Филипче нивното барање е легитимно

Група од 130 лекари на кофинансирана специјализација за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат.  Како причина за протестот го наведуваат […]