2023 година посебно тешка за правата на децата, заврши со одземен живот на Вања Ѓорчевска, констатира народниот правобранител

2023-година-посебно-тешка-за-правата-на-децата-заврши-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Народниот правобранител Насер Зибери изминатава година ја оцени како посебно тешка за детските права. Правобранителот Зибери, како прекршено детско право, го спомена одземениот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која беше грабната и свирепо убиена.


„2023 година ќе ја опишам како неповолна за заштита на правата на граѓаните, а посебно тешка за детските права кои кон крајот на годината за жал одзедоа и живот на едно младо девојче, Вања Ѓорчевска, но тешка и за првата на децата и на лицата кои издржуваат казна затвор во земјата“, рече правобранителот Зибери.

Изминатава година, како поголеми прекршувања на првата на децата Зибери ги наведе ненавременото издавање свидетелства, немањето учебници, ненавременото дистрибуирање на учебниците и неможноста на учениците Албански да учат на мајчин јазик во училиштата во Гази Баба. Велес и Чашка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK