1000 години постоење на Бигорскиот манастир, еден од најстарите Македонски манастири (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Денес се одржа еден исклучителен настан, прослава по повод 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, еден од најстарите Македонски манастири. Манастирот е основан во чест на Свети Јован Крстител и од своето создавање до денес е Божји храм кој претставува духовно светилиште на сите Православни Христијани.

Надалеку е познато Светото предание за овој Македонски манастир:

“Светото предание ни пренесува дека во времето кога со големото Ромејско царство управувал Василиј II (976 – 1025), а на овие простори, пак, царувал Самуил (976 – 1014), во прекрасните и мистични падини на Бистра, благословени од невидливиот допир на Божјата рака, се подвизувал некој многудобродетелен монах, по име Јован, кој потекнувал од дебарскиот крај. Овој преподобен отец бил исполнет со секаква добродетел, разумен и мудар, се грижел за чистотата и смирението на срцето, имајќи ги постојано на ум Господовите зборови: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога“ (Матеј 5, 8). Особено голема љубов подвижникот Јован негувал кон „најголемиот меѓу родените од жена“ – свети Јован Крстител.

Монахот Јован и појавувањето на иконата со ликот на Претечата. Детал од живописот на Големиот Синодикон.

Еднаш, во шумата, кај изворот што бил во близина на неговата испосница, Јован здогледал некаква силна и чудесна светлина меѓу дрвјата, што како огнен столб се издигнувала кон небото. Кога се приближил, видел како над источникот, oзарена со необичен блесок, лебди икона со ликот на чесниот Претеча. Восхитен, но и обземен од страв, Јован паднал на колена и Му воздал благодарност на Бога и на Неговиот Крстител. Потоа, земајќи ја иконата со голема побожност и страв Божји, веднаш се погрижил да ѝ изгради привремен соодветен дом. Така, христољубивиот Јован направил мал параклис, во којшто ја сместил иконата и секој ден со скрушено срце му се молел и му благодарел на Крстителот Господов за дарот со којшто го имаше благословено. Се верува дека оваа света икона дошла на овие простори од Исток, од каде што најверојатно и потекнува.” – bigorski.org.mk

Манастирот преживува многу премрежја и обиди за негово уништување и ги надживува сите окупатори на Македонија. Денес, благодарение на Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, кој оваа година беше хиротонисан во Епископ Антаниски манастирот блеска во полн сјај и е отворен за сите добронамерници.

Погледнете ја фотогалеријата од одбележувањето на 1000 годишнината од Бигорскиот манастир.

 

 


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*