Хуманитарна забава во Ѓорче Петров


Под мотото “Вино, љубов, хуманост”, заедно со изведувачите Мухамед Ибраими и Ратко Даутовски, Даниел Данн и диџеј Филип Деловски, и преку латино танцот на Тијана Ј. и Андреј Д. ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе средства кои ќе ги намениме за обезбедување пакети со храна за социјално-загрозени лица од Ѓорче Петров. За тоа, дополнително и навремено ќе Ве информираме.


 

Гостите вечерва ќе може да уживаат и во дегустација на вината од винариите од Ѓорче Петров, кои ќе имаат поставени свои штандови за време на забавата. Виното ќе се продава по симболична цена.

Влезот на забавата, пак, е бесплатен, односно ќе биде поставена кутија за донации на самиот влез. Кој колку може, ќе помогне во собирањето средства за нашите сограѓани.
Ги покануваме граѓаните да присуствуваат и сите кои сакаат да помогнат, да се забавуваат на денот на виното и љубовта, и истовремено да донираат за оние на кои им треба наша помош.