Телеграма со сочувство од министерството за образование и наука до семејството и пријателите на поранешниот министер за образование и наука Абдилаќим Адеми



ript>

Министерството за образование и наука изразува искрено жалење и упатува длабоко сочувство до семејството и пријателите на поранешниот министер за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој почина во текот на вчерашниот ден.


 

Адбилаќим Адеми беше на чело на Министерството за образование и наука во периодот од 2014 година до 2016 година кој беше обележан со многу промени и иницијативи во рамките на образовниот систем на Република Македонија.

Нека почива во мир.

 

Министерство за образование и наука