Отворено државното првенство во футсал во Битола



SONY DSC

Во спортската сала на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, денес се одржува Државното првенство во футсал, чиј домаќин е основното училиште „Коле Канински“ од Битола, а учествуваат најдобрите четири машки екипи во мал фудбал од Битола, Прилеп, Скопје и Радовиш. Државното првенство го отвори градоначалникот на Општина Битола, посакувајќи им на учесниците добра игра и многу успех:


 

„Особена чест и задоволство ми е што токму во Битола, во нашата општина, се одржува Државното првенство за основни училишта во футсал на најдобрите машки екипи. Сметам дека токму во училишниот спорт е расадникот на спортот во Република Македонија и општините особено треба да посветат внимание на училишниот спорт и најголемите инвестиции треба да се движат во таа насока, затоа што оттаму излегуваат нашите идни генерации, коишто на спортските терени во Република Македонија треба да носат аплаузи и резултати за нашата држава“, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Екипите ќе играат четири натпревари, а после финалниот натпревар ќе биде прогласен и победникот. За првите три места, освоени на државниот натпревар ќе бидат доделени пехари, а најдобриот играч на државното првенство ќе добие диплома.