Од СИЕР бараат повлекување на предлог-измените на Законот за минерални суровини



Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) бара да се повлечат предлог-измените на Законот за минерални суровини.

Синдикатот во денешното соопштение изразува загриженост за вработените во рудниците бидејќи усвојувањето на законските измени, како што се наведува, претставува сериозна закана за запирање на работењето на рудниците.

– Со сета должна почит за грижата за животната средина, сметаме дека рударството како дејност која сериозно придонесува во вкупниот БДП на државата заслужува барем издржана стручна и научна анлиза на состојбите пред да се предлагаат какви било законски прописи. Ова е прашање за кое не смее да се одлучува без сериозни релевантни анализи и истражувања. Рудниците до овој момент работат според важечки стандарди и според добиени мериторни дозволи за работа, наведува СИЕР.

Оттаму велат дека доколку е потребно да се ограничи употребата на некои супстанци опасни по здравјето на луѓето и на околината, тогаш тоа да се направи по највисоки светски признати норми и стандарди.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*