На Свети Трифун Владо Јаневски ќе одржи концерт во Кавадарци


Чествувањето на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун, во Кавадарци оваа година ќе започне во 11 часот и 40 минути со културно уметничка програма на градскиот плоштад, како вовед во традиционалното закројување на виновата лоза кое е предвидено да започне во 12 часот. Од 12 часот и 30 минути до 15 часот свој настап ќе имаат фолклорни состави и чалгии.

За вечерта има посебна програма која започнува во 20 часот и 30 минути со настап на кавадаречки бендови, додека пак почетокот на концертот на Владо Јаневски е планирано да започне во 21 часот и 45 минути. За крај, граѓаните ќе бидат забавувани од кавадаречните диџеи.

Од кабинетот на градоначалникот Јанчев информираат дека целиот плоштад ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун, на кој ќе бидат поставени штандови со традиционална храна, вино, маџун и производи од грозје.


Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Вести

Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“

– Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица. Како […]

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими - МИА
Вести

Се продлабочуваат несогласувањата меѓу пратениците од власта и опозицијата за онлајн гласање

– Ќе успее ли владејачкото мнозинство во намерата да изгласа работа на далечина за пратениците болни од Ковид-19 или во самоизолација, или ставањето на дневен ред на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*