Министерската Дескоска одржа средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс



ript>

Денеска, во Министерството за образование и наука, министерката Дескоска оствари средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, г. Нилс Мужниекс.


 

На средбата, беа дискутирани клучните предизвици во образованието 2018-2025, во поглед на почитувањето на човековите права, но и во однос на почитувањето на различностите или подобрување на меѓуетничката интеграција во предучилишното, основното и средното образование.

dav

 

Дескоска натаму се осврна на интеркултурното образование, кое во моментот не е соодветно отсликано во наставните или воннаставните активности.

Се разговараше и за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата како место каде учениците треба да се воспитуваат во духот на толеранцијата, мултикултурализмот и соживотот.