Инцидент на Водно: Дел од автобусите на ЈСП се полупразни и не дозволуваат качување на патници до средно Водно.


Дел од автобусите на ЈСП полупразни не дозволуваат качување на патници до средно Водно. Ни дојави граѓанин кој бил дел од групата која чекала на постојката.



Чекањето на автобус 25Б на постојката кај полициската станица Водно е по 45 минути и повеќе. Патниците мораат да продолжат пешки до зградите кај рамстор каде полиција ги стопира сите возила. На оваа локација чекаат автобус. Пред 15 минути се случи голем инцидент на тоа место, автобус со број 25Б кој што запре но не им беше дозволено да се качат на патниците кои чекаа на постојката. Тие бараа да влезат во автобусот, при што возачот не им дозволил да се качат иако автобусот бил полупразен. Со образложение дека е директна линија и не застанува на автобуските попатно до средно водно. Бидејќи поголема група патници беа со мали деца застанаа пред автобусот и настана поголема расправија со шоферот на автобусот. Полицијата интервенираше кај шоферот за да ги прими патниците во автобусот, но и покрај инсистирањето на полицијата шоферот продолжи со расправиите. По кратко убдување возачот ги прими патниците и во тензична состојба беа превезени до средно водно.

Се поставува прашање дали е функционална преземената мерка и забраната за возлиа спроведена од Град Скопје во соработка со јавното претпријатие ЈСП ?!