Градоначалникот Шилегов не дозволи покачување на цената на водата во Скопје


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје.

Станува збор за три точки, поточно Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување  тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; како и Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за прочистување отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година.

– Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – кажа градоначалникот Шилегов.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*