Златарка го дизајнираше прстенот од насловната на албумот Red на Свифт (Фото)


Златарката Кети Ватерман и ќерката Клер Винтер Кислингер создадоа специјално издание на прстенот од корицата на новиот албум на Свифт, достапно за купување сега.


 

Тејлор Свифт и златарката Кети Ватерман, ја зацврстија соработката со создавање прстен инспириран од истиот што го носи насловната страница на нејзиниот последен албум Red.

„Соработката е значајна за мене лично и за брендот. Мајка ми отсекогаш велеше дека луѓето со кои најмногу сака да комуницира се талентирани, силни, вредни жени“ вели Кислингер.

Ватерман го опишува процесот на дизајнирање како „предизвик“, но вели дека многу се „забавувала“ работејќи со Свифт на новиот прстен.

„Го сакам албумот и се идентификувам со голем дел од музиката. Го видов прстенот во мојот ум и почнав да цртам“. Седевме заедно и дизајниравме, осигурувајќи се дека го има истото чувство на љубовниот прстен. Прстенот има „трње“ во дизајнот, бидејќи тие се дел од љубовта и животот. Т.н. Црвен прстен има 13 трње – среќниот број на Тејлор“ – потврдува Винтер Кислингер.

Ватерман додава: „Тејлор ги сака своите обожаватели. Мислам дека ќе им се допадне приказната за прстенот и ќе се чувствуваат почестени што ќе можат да носат прстен како оној на Тејлор“ изјавија за People.

Прстенот може да се купи за 45 долари на taylorswift.com.