Заменете ја подготовката на домашен кефир со нов, совршен и лесно достапен избор


Кефирот претставува густ млечен напиток кој датира одамна, а потекнува од Кавказ. Има специфичен вкус и бројни корисни дејства, придобивки за здравјето. Го јакне имунитетот и го чисти организмот од токсини. Помага при регулирање на крвниот притисок и претставува вистински природен пробиотик за подобрена дигестија.

 

 

Низ годините, љубителите на кефир го подготвувале во домашни услови со ферментација на млекото со помош на кефирната габа. Но, за правење кефир дома потребно е да се култивира кефирната габа, за што треба да имате знаење и да посветите доста внимание. Во оние земји каде кефирот е познат и редовно консумиран напиток, веќе подолго време е достапен и во широка потрошувачка. Со тоа неговата популарност, посебно заради бројните здравствени придобивки, станува се поголема и тоа кај различни генерации.

Бимилк го создаде Баланс+ кефирот којшто по својот квалитет се изедначува со дома направениот, со пет млечни култури и кефирни култури, кои низ процесот на ферментација ги создаваат хранливите и корисни состојки, пробиотски микроорганизми, белковини, аминокиселини, витамини. Баланс+ кефирот има благ и кремаст вкус, изобилува со хранливи материи и претставува вистинско богатство за организмот. Овој млечен пијалак ја подобрува дигестијата и ја нормализира работата на цревата. Баланс+ кефирот е достапен во пакувања од 950 грама и 500 грама.

Денеска кефирот нема потреба да се прави во домашни услови и може да се набави во најблискиот маркет. Заменете ја подготовката на домашен кефир со нов, современ и готов производ кој ги содржи сите нутритивни вредности важни за здравјето.