За добар сон: Вежбајте два часа пред спиење


Општо е познат фактот: Физичка активност во текот на денот, придонесува кон полесно заспивање.


 

Фокусот на новата студија е врската помеѓу квалитетот на спиењето и физичкиот напор. Нејзините автори откриваат колкаво оптимално време е потребно да се вежба во вечерните часови, доколку се грижиме за солиден сон.

Научниците на Канадскиот Универзитет во Конкордија, истражуваа петнаесет релевантни научни трудови за влијанието на вежбањето врз спиењето и ги анализираа податоците презентирани во нив.

Учесниците на експериментите од дадените студии се млади и средовечни лица. Истражувачите се осврнуваат на нивниот начин на живот, нивото на физичка форма, здравствена состојба, исхрана и колку нивните работни места вклучуваат движење.

“Нашата анализа покажа кога луѓето ја завршуваат својата вежба два часа пред да заспијат, сонот им е поквалитетен”, вели главниот автор на студијата на Емануел Фримонг.

Тој додава: “Ако испитаниците заминат да спијат за помалку од два часа по завршувањето на вежбата, времетраењето на нивниот сон е пократко и тој е помалку квалитетен. ”

Тие потврдуваат, велосипедизмот е особено корисен вид на рекреација. Луѓето кои се занимаваат со оваа активност имаат поцврст сон.

Главниот заклучок од студијата потврдува, интензивните вежби со времетрање од 30 до 60 минути во текот на денот или вечерните чаасови, придонесуваат за подолг и квалитетен сон.